УМЕТНОСТ ОД ХОБИ

Здравко Палески, копаничар

Pretendiram da delkam ikonostasi -  Zdravko PaleskiЗдравко Палески, иако од поодамна е посветен на уметноста, сепак копаничарство му е легнато само неколку години. Учел од интернет упатства за почетници и за секакви посложени техники.

– Првин се снабдив со малку материјал од ореово дрво, а потоа ги направив потребните алати. Со создадените услови, почнав да делкам. Не беше така тешко да го совладам “занаетот”, бидејќи сум дипломиран машински инженер, па имам претстава за практична работа, како и смисла за уметност. И порано ме привлекувала ликовната уметност, но копаничарството е некако поубаво, поинвентивно од цртањето со бои. Делкањето предизвикува посилно задоволство. Не брзам да употребувам разни можности за поекспедитивна изработка на делата, оти се строго рачни и уникатни, што во денешно време ретко го има. Се употребува многу компјутерската техника – вели Палески, кој неодамна се претстави на изложбата на македонските копаничари во Крушево.

Уште на десетгодишна возраст создал два комплети шаховски фигури, кои и ден денес ги чувал.

– Копаничарството е пореално од сликарството, бидејќи изразот е тродимензионален. Предметите и ликовите имаат реалитет и живост. Најлесни се копаничарските дела со мотиви од растенија, животни и разни други фигури и симболи. Потешки се иконите. А дарба и смисла е потребна за портрети. Тие нужно е да бидат фини, прецизни, без грешки. Ги работам сите варијации, а најголемо задоволство ми се ликови и другите знаци од македонистиката – додава копаничарот, кој во 2012 година ја имал првата самостојна изложба во Крушево, во рамките на манифестацијата “Крушево етно град”.

Дел од копаничарските креации сега се наоѓаат во црквата во неговото родно село Свето Митрани.

Палески претендира комплетно да се посвети на копаничарството и да изработи иконостаси за цркви.

–  Ја изработив репродукцијатата “Сончогледи” од Ван Гог и излезе многу реалистично. Задоволен сум  од моето “хоби” – додава тој.

Loading