НОВА ДОГРАМА ВО ДВЕ ЗГРАДИ СО УСАИД И ХАБИТАТ

Пред потпишување се договорите со станарите за заменување на дограмата,  промена на фасадата, стакларниците и покривната конструкција во дел од зградите во населбата “Димо Нареднико”, во рамките на заедничкиот проект за енергетска ефикаснност на локалната самоуправа, УСАИД и Хабитат Македонија. Станува збор за поволни заеми за период од три до десет години.

Општината е вклучена со субвенции до 50 отсто во средствата за промена на фасада во зградите каде што има социјално загрозени  семејства.  

Градот една година го спроведува проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикасност на домаќинствата.

На овој начин веќе се смени дограмата на една зграда ул. “Борис Кидрич” и уште на една на ул. “Јоска Јорданоски”. 

Loading