Жито Прилеп вторпат донира повеќе парчиња леб од видот “Рустика” за корисниците на народната кујна. Со тоа уште еднаш ја покажа готовноста за општествена одговорност и чувството да се подаде рака каде што е најпотребно.
– Не ги забораваме ранливите категории граѓани, животната средина и чувството за грижа на својата околина – изјави Елизабета Мојсоска.