ХИМНА ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ

ОУ “Добре Јованоски”

Ucilisniot hor nastapi za patroniot praznik vo OU Dobre JovanoskiКако најдобрата музичка симфонија, прозвучи училишната химна во изведба на хорот од ОУ Добре Јованоски. Се разлеа песната од милозвучните гласови од многуте грла на децата од хорот. Уште поубаво звучеше изведбата кога се пее за празникот на училиштето, за највеселиот ден, за патронатот. Низ музиката и текстот се опеа животот и храброста на народниот херој Добре Јованоски.

Училишната химна е име и презиме на училиштето. Содржани се сите пораки за тоа што значи да се биде ученик во најголемото, по број, училиште во општинава, а во кое соживотот е на највисокото скалило. Чувството е повозвишено кога химната се интерпретира под инструкциите и пренесеното знаење од музичка теорија и педагогија која професорот Гоце Стојкоски ја стекнал за музичката уметност. Песната е препознатлива за многу генерации и ги отсликува нивните успеси и заложби во трката по знаење и беше врв на празнувањето, панделка на богата свечена сценско музичка програма со која наставниците и учениците го одбележаа патрониот празник.      

На 19 септември го славеа патрониот празник и учениците од ОУ “Рампо Левката”. Се одржаа спортски натпревари. За брзо време учениците од училиштето кое има и комплетно реновирана надворешна фасада, ќе добијат и модерна спортска сала од 1200 м2 со капацитет од 500 седишта и модерни спортски реквизити за одвивање на различни спортски активности.

Рампо Левката е народен херој, роден во Прилеп, на 9 јануари 1909 година, а на 19 септември 1942 година бил убиен по тешка тортура од страна на бугарската полиција во околината на Прилеп. 

Loading