КУП: ПОБЕДА – ДРИТА

Фудбал

Moment od posledniot mec Pobeda - DritaМестото на Победа е два ранга над Третата лига, така што со леснотија ги добива ривалите, последен Млекар со 5-0 (Шаркоски и Јанкоски по два, Б. Митрески), но ја користи можноста за пробив во Купот. По саботното првенствено гостување кај Г. Коњари, в среда е првиот дуел од осминафиналето дома со второлигашот Дрита, есенва претпоследна, деветта на табелата.

– Приоритет е првенството, а во купот влегуваме без притисок, растоварени. Можеме да одиграме добро за позитивен резултат, оти нема што да загубиме. Ривалот е со скромни четири бода, но тоа не нé залажува, оти по триумфот над Металург, секоја екипа, па и Дрита ќе гледа најсериозно кон нас за да даде максимум – смета Златко Петрески, тренер на Победа.

Мечот е без публика. Од домашниот табор апелираат симпатизерите да се воздржат и не доаѓаат на стадион со обиди за насилен влез и прескокнување на оградите. Одлуката мора да се почитува и така се помага на саканиот клуб да не дојде до нова, поригорозна казна од ФФМ.

Loading