ПРИЛЕП СО КРИЛОТО МОЈСОСКИ ВРЗ ОХРИД

Ракомет: Стартува Супер лигата

– Клубот се враќа на старите патеки – вели стружанецот

Nov dres - Zlatko MojsoskiВ сабота (19 ч.) во салата на СОУ “Р. Р. Ричко” стартува Супер лигата со привлечен дуел Прилеп – Охрид. Да бидат исполнети трибините до последното место има повеќе причини, по четири години враќањето на домашната екипа во елитното друштво, засилениот состав на Орде Илиески и звучното име на последниот новодојден, десното крило Златко Мојсоски од Металург.

– Задоволство е што потпишав едногодишен договор. Ќе помогнам со моето знаење и искуство. Целта е клубот да се врати на старите патеки. Одиме скалило по скалило. Нема наеднаш да се залетуваме, туку прво да видиме до каде сме, после ќе правиме математики. Верувам дека со моето доаѓање ќе поттикнам и други да се приклучат во овој клуб – рече Мојсоски.

Договорот беше во пет минути. Наместо понудите од други три суперлигаши, ја прифати четвртата опција. Пресудни биле убавите зборови кои надалеку се слушаат за клубот, спонзорите, градот и градоначалникот. Не случајно стружанецот беше пречекан во зградата на општината од водечките луѓе на клубот и градот.

Podgotven za pobeda - Aleksandar Bozaroski (Prilep)– Задоволство е што пристапи едно од врвните имиња на нашиот ракомет. Му посакувам да се чувствува како дома, ќе биде одлично прифатен. Сите услови ќе ги овозможиме за добри игри и така заедно постепено да стигнеме до место во Европа. Доколку има потреба ќе доведеме и други квалитетни ракометари – најави градоначалникот Марјан Ристески.

РК Прилеп имаше одлични подготовки, одигра три тест средби со Беса Пеќ, МРК Вардар и Преспа и на ред е премиерниот меч за бодови. Во клубот се мошне задоволни од квалитетот на играчкиот кадар и порачуваат дека секоја гостинска екипа ќе се замисли како ќе помине.

– Дојде искусен репрезентативец кој одовде гледа кон светското во Катар. Имаме добра екипа која може да изненади со влез во плеј – офот за да може верната публика да ги гледа Металург и Вардар – истакна претседателот Александар Мариновски.

Најдобри постави

Според последните информации тренерите Орде Илиески и Горан Андоновски немаат отсутни во екипите за саботната пресметка. Во домашниот тим покрај Мојсоски се уште четворица нови: голманот Божиновски, бековите Талевски и Цветкоски, пивотот Когој.

Прилеп: Трајковски, Божиновски, Ѓорѓиески, Когој, Стојаноски, Спасески, Петрески, Ангеловски, Талевски, Локвенец, Трајкоски, Бозароски, Тодороски, Петкоски, Јанески, Велески, Мојсоски.

Охрид: Колев, Костески, Пецаковски, Андоновски, Соколов, Белески, Николиќ, Трифуновски, Тасески, Поп-Стефанија, Трајчевски, Вешоски, Печенкоски, Ангелкоски.

Loading