СЛУЧАЈ БОРСАЛИНО

Историја

Пролетта 1966 тренерот на Победа Никола Радовиќ добива несекојдневна казна. Преку писмо е известен од Сојузот на тренерите на Југославија дека е казнет затоа што на неколку натпревари, во таканаречена “фудбалска екстаза” кога неговиот тим победувал, ликувал и на непристоен начин со фрлање на фамозниот шешир и сакото го прославувал успехот пред многуилјадната публика. Сојузот се повикувал на кодексот, каде се прокламирани сите норми за однесување и дисциплина. Поради марката на шапката, случајот е наречен “Борсалино”. Казната била парична, пет отсто од платата. Радовиќ не се жалел, но тешко му паднало што во иднина мора да го скроти црногорскиот темперамент.

Некогашниот репрезентативен бек на сплитски Хајдук, меѓу 1963 и 1969 на три наврати бил тренер на Победа. 

Loading