СПОНЗОР

Атлетика

Откако објавивме дека атлетскиот клуб Трети ноември е во најлоша финансиска ситуација и ги троши последните заштеди, се случиле позитивни работи и е на повидок решение. Наместо како многупати досега клубот да бара фирми, овде обратно фирма понудила помош.

– Излезе во пресрет познатиот лекар, прилепчанец и некогашен атлетичар кого сум го тренирал, Ангел Џамбазовски со својата клиника во Скопје. Со негова поддршка го решаваме проблемот – презадоволен е Ѓорѓи Гешоски, тренерот.

За возврат и благодарност се разгледува можноста клубот да го промени името во АК Академик Џамбазовски.

Loading