КНИГА ШТО ОБРАБОТУВА ГОЛЕМИ ТЕМИ

Промовирана книгата “Република Метеори” од Александар Цветаноски

Avtogram od nadezniot avtor - Aleksandar CvetanoskiПред поголем број љубители на пишаниот збор во Библиотеката  беше промовиран романот првенец “Република Метеори” од Александар Цветаноски. Издавач е неделникот Зенит. Промоторот, писателот Братислав Димитров, рече дека авторот е зрел и млад, кој на спонтан, убедлив и прецизен начин става точка на еден манир на нашите писатели, заостанат од 19 век. 

– Ме фасцинира што од овој текст може да се направи одлично филмско сценарио. Тоа е голема вредност, затоа што младите генерации растат со визуелна едукација и искуство. Немаат време околу психолошки портретирања на ликовите. Иако книгата има “безобразно” малку страници, обработува силна тема, лична, национална драма. Тука е мајсторијата. На мал простор се кажуваат толку многу работи. Бидејќи е дебитантско дело, бев зачуден од чувството за пропорција, за селекција што го имал авторот, кому му предвидувам блескава иднина – рече Димитров.

Според Цветаноски, идејата ја носел од 2007 година, Најпрво се стремел текстот да биде сценарио за филм, а подоцна да  стане книга.

Rodninite i  prijatelite na promocija– Пријатели од Лос Анѓелес ме поттикнуваа најпрво да го напишам текстот, па да биде сценарио за филм. Така и се случи. Пораката е како што ликовите си помагаат еден на друг, сите треба да се свртиме еден кон друг и да си подадеме рака и да издржиме во животот како луѓе, како народ, да се почитуваме. Насловната страница симболизира облак од прашина, пепел и чад со многу ликови – среќни, весели, некои тажни. Тука сме сите ние, јас – вие, сите од почетокот на времето до денес. Дали ќе дозволиме тој облак на прашина да не земе зависи од нас – рече тој.

Александар Цветаноски по дипломирањето на Глобал бизнис универзитетот во Феникс, живее и работи во САД. Се занимава со глума и пишување кратки раскази.

Извадоци читаше актерот Игор Трпче, а за убавата атмосфера се погрижија младите пијанисти Исидора и Арсениј Ангелески.

Loading