АКТЕРИТЕ СО ОВАЦИИ ИСПРАТЕНИ ОД СЦЕНАТА

Извонреден настап на театарот на Екс понто

Celata ekipa od SvejkИ на третото гостување на меѓународниот фестивал “Екс понто” во Љубљана со претставата “Швејк во втората светска војна” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски театарот ги освои симпатиите и потврди дека е водечка куќа во земјата. Вљубеници во театарот, критичари, директори на фестивали и Македонци беа воодушевени од естетскиот чин и уживање кои се окончаа со громогласен апалуз и овации.

– Силна претстава со доста пораки. Режисерски добро сработена. Одлична изведба на актерите – изјави актерот и режисер Нико Горшиќ.

– Моќна, безвременска политичка сатира. Одличен ансамбл и режисер – коментираа повеќе Словенци.

– Горди сме на нашиот ансамбл – изјавија неколку прилепчани.

Радост владее и кај ансамблот, и кај режисерот Кочовски.

Гостувања на МОТ и во Штип

Со претставата “Сон на летната ноќ” од Шекспир во режија на Нела Витошевиќ, театарот во вторник гостува на Млад отворен театар. Премиерата на матичната сцена ќе биде идната недела. Со “Сонот…” театарот учествуваше на “Шекспир фестивалот” во Битола.

Во среда ансамблот е во Штип на вториот детски фестивал  со “Мачорот во чизми”.

Loading