“ПРИЛЕП САЛОН”

Изложба на 86 фотографии “Прилеп салон” ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК. Организатор е Фото кино клубот Прилеп по спроведениот меѓународен конкурс.

– Од пријавените 8276 фотографии од 594 автори од 66 земји, примивме 2323 фотографии. По слекцијата, наградивме 86, да ги проследат нашите сограѓани. Фотографиите се со културолошки карактеристики – вели Димитар Ристески, претседател на клубот. 

Loading