ПРОМОЦИЈА НА ПИШАНИОТ ЗБОР

Мајските поетски средби 2024

Клубот на литеатурни творци традиционално ги организира Мајските поетски средби 2024 , преку кои се промовира пишаниот збор. Учествуваа поети од Кичево, Битола, Куманово, Скопје, како и членовите на Клубот.

– Нека се шири убавиот поетски збор и нека се множат топлите другарувања меѓу поетите – порача Андриана Ристеска, претседател на Клубот.

Беше промовиран четвртиот алманах, “На крилјата на зборот”, во кој е застапена поезија на 35 членови на Клубот. Рецензентот Цеца Видова Трајческа запиша дека алманахот е напредок и возвишување на заедничкото во името на нивниот литературен напредок и говори за колоритноста на литературните дела и љубов на членовите кон пишаниот збор.

Манифестацијата ја збогатија Лина Димоска и Благица Велјановска, исполнувајќи неколку песни.

Loading