ВТОРООДДЕЛЕНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ

ОУ “Блаже Конески”

Razvieno ljubopitstvo - decata od OU ,,Blaze Koneski,, vo SkopjeНе запира УСАИД, кога станува збор за образованието. Со новиот проект, “Со читање до лидерство”, беше свечено отворен Детскиот креативен центар на 10 септември во МКЦ во Скопје. На отворањето присуствуваа и второодделенците од ОУ “Блаже Конески” со наставничката Ана Бошкоска.

– Во новиот креативен центар имаше библиотека со детски книги, џиновски сликовници, интерактивни “смарт” табли, компјутери, различни математички игри, сцена со детски театар, ликовно ателје. Или, еден вид на Алиса во земјата на чудата. Учениците пробаа различни средства, ги разгледуваа помагалата, читаа со актерите во нивните читачки катчиња. Имаше и пазар да продаваат и купуваат… Накусо, се помина пријатен ден што ќе им остане во сеќавање на децата и ќе им ја развие фантазијата – вели Бошкоска.

Соработката со УСАИД вклучувала дијагностички тестирања на децата за почетно читање и за математички вештини. Во училиштето престојувала и подвижна библиотека и дружење со актерите.

– Си играв, видов големи сликовници, компјутери, прочитав од “скуби-ду” – вели ученичката Бисера Пирганоска.

– Цртавме, боевме, игравме продавачи, ни читаа, редевме математички форми, кули – вели Теона Богданоска.

– Забавно е редењето коцки со магнети. Игравме и пеевме на пазарот. Игравме на компјутери – вели Елена Јандреоска.

– Сé беше интересно, читавме, работевме, игравме, правевме замок од коцки – вели Мухамед Башевиќ.

Проектот е насочен да ги подобри јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделениа и да ги зајакне педагошките умештва на наставниците.

Loading