ПРВИН СМЕНА НА ПРОЗОРЦИТЕ, А ПОСЛЕ И НА ВРАТИТЕ

ОУ “Кочо Рацин”

Se doteruva najstaroto uciliste - direktorot Petar KragueskiПовеќе топлина в зима, помалку трошоци за греење, помалку жега в лето. Тоа ќе бидат ефектите од новите прозорци што се поставуваат во ОУ “Кочо Рацин”.

Директорот Петар Крагуески вели дека се менуваат прозорците на првиот и вториот кат комплетно.

– После неколку децении со стара столарија, дојде денот за промена, оти старите прозорци беа во многу лоша состојба. Се трошеше бадијала многу топлинска енергија, а и немавме добра звучна изолација. Бидејќи училиштето е во центарот, има бучава од големата фреквенција на возилата. Сега, првин ќе штедиме енергија, потоа, ќе се подобри звучната изолација и ќе се промени, на поубаво, изгледот на училиштето – вели Крагуески.

Новата дограма е специфична, бидејќи, како најстаро училиште, е заштитено од Завод и Музеј. Тоа било прва гимназија.

– Дограмата е автентична на старата – дрвена. Не е ПВЦ, иако однадвор, на прв поглед, изгледа така. Убаво е изработена, со финеси и е со термопан стакло. Дрвото е шприцано, сушено и добро е истружено. Ако беше ПВЦ ќе ставевме уште од поодамна и ќе беше поефтино. Реновирањето е при крај. Се работи првиот кат, а потоа ќе одиме и на вториот. За две недели, најдоцна до 25-ти септември комплетно ќе се заврши – вели Крагуески.

Средствата од 2,3 милиони денари се инвестиција на локалната самоуправа.

Во тек е нов тендер за промена на столаријата и на приземјето, односно на вратите што се во полоша состојба.

– Обезбедени се 2 милиони денари. Со електронската аукција, не знаеме колку ќе биде точно цената. Се очекува да бидат доволно пари. Се планира од 20 октомври да почне и смената на вратите – вели Крагуески. 

Loading