СВЕТСКИ КУПОВИ

Моделарство

Градов засилено се подготвува за врвни меѓународни натпревари во воздухопловно моделарство, Трофеј Прилеп и Светски куп Македонија, на 27 и 28 септември. Здружението “Фил Феникс”, ВФМ, односно организациониот одбор, предводен од директорот Здравко Тодороски, имаат полни раце работа, но и задоволство што од сите страни има заинтересирани учесници. Сигурно ќе биде надмината бројката од лани. Овојпат куповите се во рамките на прославата на големиот јубилеј – 1000 години на Прилеп.

Одредени се категориите на кои натпреварувачите со светски рејтинг ќе освојуваат поени на Спортскиот аеродром кај М. Коњари. На светските купови сениорите и јуниорите ќе се борат за медали во Ф-1-А, Ф-1-Б, Ф-1-Ц, Ф-1-П и Ф-1-К. Натпреварите се бодуваат и за Еурочеленџ купот, во дисциплината Ф-1-Х.  

Loading