ПОБЕДА И 11 ОКТОМВРИ РАМО ДО РАМО

Фудбал

Третолигашкиот почеток ги издвои фаворитите за првото место, а меѓу нив се Победа и 11 Октомври. Вториот триумф Победа го постигна пак како гостин, на Могила со 0-4 над Варош, а 11 Октомври вторпат беше успешен домаќин, овојпат со 4-2 над Д. Езеро. На врвот од табелата со максимални шест бода се придружува Превалец.  Изненадување направи Г. Коњари со пресвртот 2-1 над Бабуна, Партизан одигра само реми 1-1 со Ц. Ѕвезда, а дома потклекна Млекар дури 0-4 од неготински Вардар. Според ова, в недела е лесна задача за Победа дома со Млекар, а 11 Октомври оди кај Ц. Ѕвезда во Јосифово, додека Партизан има обврска на гости да го запре разиграниот Превалец.

Победа настапува и на втор фронт – Купот, каде во осминафиналето го доби второлигашот Дрита. Убава шанса за четвртфинале. Првиот дуел е на 24 септември на стадионот “Г. Делчев”.

Loading