ПРОСЛАВА 1986

Историја

Risto Gligoroski na racete od navivaciteПосле долга пауза од четири години, летото 1986 Победа успеа да се врати во Втората југословенска лига. Беше тешка и неизвесна докрај трката со Саса. На табелата имаа исти бодови и одлучи гол – диференцијата. Трите последни кола беа нанижани победи дома 5-2 над Балкан, на гости 0-2 со Љуботен и сосема на крајот дома 4-0 со Осогово. Тој меч се играше на 15 јуни претпладне во 10 часот. Иако во период за садење на тутунот, на стадионот “Г. Делчев” се собраа седум илјади навивачи. Гостинот не можеше да даде отпор во бурна атмосфера и убедливо беше поразен. По завршувањето на мечот речиси цела публика славеше на теренот. Играчите Томиќ, М. Конески, Глигороски, М. Стојкоски, Шалев, Ф. Јонуз, Кулески, Р. Ѓорѓиоски и останатите беа носени како јунаци на раце, а цел ден оркестар свиреше за веселба низ градот.

До распадот на СФРЈ, Победа две години играше во Втората лига, а четири години во Третата.    

Loading