МНОГУ ПРОМЕНИ

Општинска

Прилично многу промени има во двете општински лиги на ОФС. Во проширената А лига е ланскиот третолигаш Младост од Кривогаштани, а нови се Напредок од Крушеани и Илинден од Долнени. Во првото коло викендов играат: Братство – Напредок, Тризла – Кадица, Беровци – Канатларци, Чепигово – Обршани, Прилеп сити – Илинден, Динамо – Младост, Пролетер – Слога. Покрај екс-третолигашот, фаворити на хартија се ланските учесници во плеј-офот Обршани, Слога, Канатларци и Динамо.

Лигата Б е како лани со девет тима. Меѓу нив се предвреме откажаните третолигаши Тополчани и Кадино, од А лигата отпаднатото Боротино, а реактивиран е Мукос од Дреновци. Викендов е првото коло: Боротино – Ц. Ѕвезда, Тополчани – Гарван, Пелагонија – Мукос, Клепач – С. Штркот. Слободна е екипата на Кадино.

Loading