ПРЕД ПУШТАЊЕ

Помошен терен

Речиси готово е новото помошно игралиште со вештачка подлога кај некогашната Зоолошка. Теренот е сосема подготвен, обележан, поставени се стативите. Крај високата ограда на четири агли се извишуваат рефлекторите. Деновиве се местат и последните детали во соблекувалните. Може да се очекува наредниот месец пуштање во употреба на објектот кој почна да се гради пред нецела година. Теренот со нетрпение го чекаат екипите, а особено фудбалските школи за кои е неопходна рамна подлога за почетна обука.

Некои дечиња одиграа пробен натпревар и велат дека зелениот тепих е за мерак.  

Loading