ПРВ ТРИУМФ

Словачка

Во словачкиот прволигаш Кошице петта сезона настапува голманот Дарко Тофилоски. Лани го освои купот на таа земја, а имаше одлични одбрани во првенството со непримен гол долги 624 минути. Есенва по настапот во квалификациското коло од Лигата на Европа во првенството не тргна најдобро, со повеќе порази и од осум меча собрани само четири бода. Сепак подобрена е состојбата на последните дуели. На гости е првото реми, 1-1 кај Ружомберок, а дома е првиот триумф од 2-0 со Трнава. На голот се менуваат Тофилоски со резервата Стијаковиќ.

За поранешниот голман на Победа имало понуда од Азербејџан. 

Loading