ИЗЛЕЗЕ “ПОДАРОК ЗА АНГЕЛОТ” ОД САЊА БОЗАРОСКА

“Подарок за ангелот” од Сања Бозароска е книгата која беше претставена во библиотеката.

– Станува збор за раскази, приказни, насобрани во една творба со црвена панделка – вели авторката.

– Со првенецот, Бозароска создава сопствена согледба на еден силен мотив земен од животот. Со повеќе ликови, претежно млади, се плетат човечки аномалии и судбини. Авторот се идентификува со заземање позиција на хуманост, со заокружување на човечките желби – вели Илија Мерковски.

Loading