ЉУПЧО ТРАЈАНОСКИ ВО ХРВАТСКА

Hrvatsko iskustvo za TrajanoskiНашиот сограѓанин Љупчо Трајаноски, студент на четврта година на ФМУ на виола го претставуваше градот и Македонија на меѓународниот семинар во Грозњан, Хрватска, на кој учествувале студенти од речиси сите балкански земји.

– Тоа беше одлично искуство за мене и колегата, виолинистот Емил Чичоновски. Бевме претставници на ФМУ. Ментор по виола беше еминентниот професор Милан Чунко од Академијата во Загреб. Соработувавме со одлични професори. Бевме дел од оркестарот на музичка младина на Хрватска, со кој свиревме дела од Скумал, Респиги, Григ…, под диригентската палка на Павле Зајцев. Научив многу, искуството ќе претставува импулс за музичко – професионално созревање – вели Трајаноски.

Тој пренесува дека Грозњан е мал истарски град со култура. Во летните месеци живее со музиката. Улиците се претвораат во огромна сцена каде се слушаат звуците на виолината, виолата, виолончелото, клавирот, гитарата. 

Loading