“ШВЕЈК….” ЗА СТАРТ НА ЕКСПОНТО ВО ЉУБЉАНА

За десет дена три гостувања на театарот

,,Svejk...,, na EkspontoАнсамблот на театарот при ЦК “Марко Цепенков” со претставата “Швејк во втората светска војна”, по Брехт, во режија на Мартин Кочовски, на 14 септември ќе го отвори 21. издание на меѓународниот фестивал на изведувачки уметности “Експонто” во Љубљана, Словенија. 

– Особено задоволство е што ќе го отвориме  реномираниот фестивал што се одржува под покровителство на претседателот на Словенија  – вели раководителот Стојан Дамчески.

Театарот третпат гостува на овој престижен фестивал. Најпрво беше прикажана “Тапани во ноќта” потоа во 2011 година и “Кавкаскиот круг со креда” и двете од Брехт, во режија на Кочовски, која беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот. Во “Швејк…” игра поголемиот дел од ансамблот, сценографијата е на Јулијана Војкова Најман, музиката на Фолтин.

Пред два дена театарот учествуваше и на 22 – ри Фестивал на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица со  претставата “Буре барут” од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска.

На 23 септември актерите ќе ја играат “Сон на летната ноќ” од Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ на МОТ во Скопје.

– Гостувањата се потврда за квалитетот на ансамблот, за нашите заложби да подготвуваме претстави со кои се гордееме, кои се врв во македонскиот театар – вели Тони Чатлески, директорот на ЦК “Марко Цепенков”.

На почетокот на идната година театарот ќе гостува во Австралија. 

Loading