РУДАРСКИ МЕДАЛИ

Борење

Денот на рударите убаво го поминаа борачите на БК 7 Мај. На третиот традиционален меѓународен турнир во Радовиш, во конкуренција на 60 учесници во 11 категории, освоени се два бронзени медали. Тоа им успеа на Христијан Пенков до 60 и на Борче Богатиноски до 70 килограми. Солидни настапи имаа седмиот Марио Муличкоски до 50 и петтиот Филип Бошкоски до 46 килограми. Наредни турнири се во Кочани и Стара Загора, Бугарија.

Паралелно се одвиваат редовни тренинзи, а се врши и запишување нови машки и женски членови над седум години.

Loading