ГОЛ ОД 50 МЕТРИ

Фудбал

Вреден, можеби најзначаен триумф постигна Победа уште во првото коло од Третата лига, 1-4 кај Вардар во Неготино. Зададен е удар на конкурентот за врвот од табелата со головите, два од слободен удар на Мегленски, вториот со неодбралнив шут од 50 метри, по еден со глава на Тошески и од контра на Стомнароски. Меѓу стативите се врати Сркески, во нападот И. Мирчески, а дебитираше левиот бек Николов. В недела тимот на З. Петрески е фаворит на градскиот дуел со Варош, кој на стартот и покрај водството преку Глигороски, загуби со 4-1 од 11 Октомври.

До победата 11 Октомври стигна со пресврт, со два гола на Иваноски, по еден на Ачкоски и Степаноски. Екипата на Д. Кулески покажа ново лице и квалитет за горниот дел. В недела пак е домаќин, на Дојранско Езеро, тим кој дома беше декласиран со 1-6 од Партизан Обршани, каде тренер е Г. Тодоровски. Задутре неговиот состав оди на нова победа дома со Ц. Ѕвезда Јосифово. Во 1. коло поразени се екипите од Коњари. Млекар загуби со 4-1 од Бабуна во Мартолци и поправен има дома со Вардар, а Големо Коњари се врати со 6-0 од Превалец и рехабилитација бара дома со Бабуна.

Loading