ПРВА РАДОСТ

Пионери

Fudbalskata skola Markovi KuliПрвпат на Спортски центар заиграа петлињата на ФШ Маркови Кули, домаќини на врсниците од ФШ Габер Ваташа. Беше големо возбудување за фудбалерчињата и родителите, кои следеа крај аут линијата. На мини игралиштето се разви борба за секоја топка. Гостите, сите до еден облечени во маички од Роналдо, поведоа со автогол. Во второто полувреме домашните во жолти комплети израмнија со голот на Димитар Иваноски. На радоста í немаше крај. По нерешениот исход се шутираа пенали, каде повеќе одбрани имаше голманот Миодраг Тасески и победата е за ФШ М. Кули од Пеце Стефаноски – Персио и Љупче Тасески. Во повисоката возрасна категорија, пак победија прилепчанчињата со 6-1. Но, резултатот овде не е најважен, туку можноста за повеќе натпревари за малите да ја учат фудбалската азбука.

Предвидена е соработка со школи од блиските градови.

Loading