ПРВАЧИЊАТA НА ЕКСКУРЗИЈА ВО ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ

Во Кривогаштани

Првиот училишен ден е возбудлив не само за првачињата, туку и за родителите во Кривогаштани. Првиот час почна со претходно преземени засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници поради појавата на жолтица. Градоначалникот Тони Заткоски им подели на сите првачиња пакетчиња со училишен прибор и потсети дека ќе се организира еднодневна екскурзија во зоолошката градина во Скопје на крајот на овој месец.

– На најмалите им посакувам добредојде во најголемото среќно семејство, а на наставниците неброени работни успеси во остварување на мисијата да пренесат знаење и да воспитаат нови генерации здрави личности. Со многу насмевки и љубов, педагозите да го даруваат највредното, знаењето со многу умешност – рече Заткоски.

Во подрачното ОУ “Јонче Смугрески” во Бела Црква на почетокот на учебната година, градоначалникот подари лаптоп со цел процесот на одржување на наставата да биде полесен и по практичен.

Loading