ПРИЛЕП – ЛИДЕР ВО ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

Лидер по бројот на запишани решенија за легализација на дивоградби е општина Прилеп, каде се легализирани 8.230 објекти, во скопските општини пак заедно се легализирани вкупно 32.710 објекти. По Прилеп, со најголем број  легализирани објекти се општините Штип, Битола и Струмица, посочува министерот за транспорт и врски. Миле Јанакиески.

Со законот за заклучување на стечајните постапки, Агенцијата за катастар, на барање на стечајните судии, изготвува геодетски елаборати за легализација на објектите на правните лица. Им се излезе во пресрет на социјално загрозените со бесплатно изработување на елаборати.

Озаконети се 100 илјади објекти. Тоа е третина од  поднесените предмети во Македонија во процесот на легализација. Министерот за транспорт и врски повикува до 31 декември 2015 година да се поднесат геодетските елаборати за објектите да се легализираат. 

Loading