ПРИЛЕПСКА ВРСКА ВО ИНТЕР

Печалбари

Насловот во хрватски весник е “Македонска врска му пресуди на Имотски”. Повод е победата од 1-4 на Интер Запрешиќ кај Имотски во третото второлигашко коло, каде два гола даде Илија Несторовски, изнуди и пенал, а последниот погодок е дело на Новче Ацески. Во претходното коло, дома беше совладан Хрватски Драговољац со 1-0, со голот на Несторовски. Сега расте оптимизмот дека екипата може да заигра според амбициите за пласман во прволигашкото друштво. Во наредното коло е дуелот дома со Сесвете.

Веќе две години Несторовски, а од летоска и Ацески стана член на Интер Запрешиќ.            

Loading