БЕЗ ЕВРОПСКО

Параглајдерство

Долго се најавуваше учеството на најдобрите македонски параглајдеристи на Европското првенство во прецизно слетување во Вршац, Србија, но од тоа нема ништо. Шампионатот стартуваше во вторникот и на списокот на 70 учесници од 14 земји ги нема нашите. Штета, беа кандидати за медал и без оглед на причините, неучеството е голема празнина. Потврда за високата форма беа резултатите на последните пролетни и летни натпревари. Многу ветуваше тимот со Миле, Мартин, Бојан Јованоски, Златко Спиркоски и Христијан Темелковски. Може само да се чека следната шанса.

Останува единствениот бронзен медал од Европското 2007 во Литванија. 

Loading