СОВЛАДАНИ ЧЕСИ И УНГАРЦИ

Историја

Зимата 1981 Победа дома одигра два пријателски меѓународни меча со силни противници и двапати победи. Прво беше совладана Славија од Прага со 1-0, со голот на Магдески. Иако на тест – меч, резултатот одекна со оглед на звучниот гостин, повеќекратен првак на Чехословачка. Убава игра имаше и на вториот дуел, со реномираниот прволигаш од Унгарија, Диожѓер, кога Победа победи со 2-1, со головите на Глигороски и Манески. Настапија уште Т. Тодороски (Цветаноски), Глушески, В. Димоски, Котески, И. Најдоски, Петрески, Миљаниќ (З. Конески), Милосовски (Илиевски).

Формата беше задржана и во првенството, каде следеше враќање во Втората југословенска лига.

Loading