СТАНОВИ НА ПРОДАЖБА СО НАДДАВАЊЕ

So licitacija do pokriv nad glavaПрилеп е меѓу 7-те општини во кои Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката продава 240 завршени и незавршени станови преку јавна лицитација, а право на учество имаат сите домашни и странски физички и правни лица. Најголема и најбогата е понудата на станови во Скопје, каде и цените се највисоки. а во Прилеп заинтересираните можат да наддаваат за девет станови од 52 до 98,5 квадрати. Становите на поткровје се со почетна цена од 392 евра за метар квадратен, а на останатите се движи најмногу до 539 евра за м2. Според огласот, 6 стана со подрумски простории се во Табана, а три во зграда Македонија 2. 

Loading