ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ БЕСПЛАТЕН ГРАДСКИ

DSC05939Децата без родители бесплатно ќе се возат во градскиот превоз одлучи Советот на општинава. Претходно ваква одлука за ослободување од плаќање советниците донесоа за лицата со хендикеп, со што им се олеснува и комуникацијата. На овој начин градот им помага на ранливите категории лица, а со развивање и подобрување на користењето на градскиот превоз, во иднина ќе се разгледаат и други иницијативи и предлози за ослободување и на други корисници од плаќање за градскиот превоз.  

Градските власти најавуваат дека од 1-ви септември, возните линии се враќаат во нормален ред кои беа редуцирани поради одржувањето на Пивофестот, летните одмори и земјоделските работи.

На 24. седница на Советот на општина Прилеп, советниците разгледаа повеќе квартални извештаи на јавните претпријатија и општинава, како и барања на граѓаните за легализација на бесправно изградени објекти.

Loading