ЧАТИП ЗА ИМОТ

Легализацијата во полн ек

Prodolzuva procesot na legalizacija - gradonacalnikot Risteski vraci novi resenijaПроцесот на легализација во општинава тече беспрекорно. Речиси секоја втора недела се доделуваат нови решенија. Така беше и вчера на празникот Успение на Пресвета Богородица. Вкупно 65 граѓани со радост ги подигнаа решенијата за легализацијата на нивниот имот.

Врачувајќи им ги решенијата градоначалникот Марјан Ристески посочи дека општинава е лидер во спроведувањето на процесот на легализација.

– Лидер сме на ниво на Македонија. Доколку се оди според планот процесот ќе го завршиме во рекордно време и ќе бидеме првата општина во земјава која реализирала во планираниот рок – рече Ристески.

Граѓаните не го кријат задоволството што по толку години чекање добиваат чатип за нивниот имот.

– Со години го чекав овој момент. Еве, дојде и тој ден. Добивме документ со кој сега знаеме дека куќата што ја градевме е наша – изјави еден повозрасен сограѓанин.

Досега се издадени над 7000 решенија за озаконување на имотот на граѓаните.         

Loading