ПОБЕДА ПРЕД ТРИ ИЛЈАДИ НЕГОТИНЦИ

Фудбал

В недела (17 ч.) стартува Третата лига – Југ и веднаш дерби, во Неготино Вардар ја пречекува Победа. Дуелот на најсериозните кандидати за врвот се очекува да привлече до 3.000 гледачи. Домашните ги предводи Димитковски со асистентите, некогашни играчи на Победа – И. Стојанов и С. Крстев, а настапуваат: Ангелков – Гелов, Делов, Илиевски, Петров – Прескакулев, Ристов, Најдов, Вареловски – Симеонов, Дуков.

Залетаната Победа, по подвигот над Металург, со позитивен резултат од почеток го трасира патот кон првото место, со оглед на поволниот распоред. Тренерот Петрески располага со победничкиот состав Јованоски – Андреевски, Велјаноски, Ф. Мирчески, В. Митревски – Мегленски, Крстески, Карчески, Тошески – Д. Здравески, Шаркоски. Има и други кандидати за тимот, а се чека и новодојден, Николов од Силекс. Последните дуели со Вардар Н. во сезоната 2010/11 беа добиени 8-1 дома, 1-3 на гости.

Останати од 1. коло се: 11 Октомври – Варош, Д. Езеро – Партизан, Ц. Ѕвезда – Борец, Превалец – Г. Коњари и Бабуна – Млекар.    

Loading