БРОНЗА ЗА ДИМЕСКИ

Моделарство

Prvi FAI poeni - Bojan DimeskiОдличен настап на Бојан Димески од АК Прилеп на Светскиот куп во Босански Петровац, БиХ. Освои трето место и бронзен медал во силна конкуренција од 37 учесници од седум држави. Надминати се дел од фаворитите, високорангираните од серијата светски купови, а безмалку рамо до рамо со Словенците, победникот Јурхар и вториот Битежник, светски вицепрвак. Во услови на дождливо време реализирани се очекувањата под водство на репрезентативниот тренер Димче Велкоски. Покрај бронзата, Димески освои и први 30 ФАИ поени за оваа година во јуниорска категорија. По изведени седум летови, останатите репрезентативци беа нешто послаби, Небојша Стошиќ петти со 20 ФАИ поени, а Дејан Алексов во втората половина од табелата.

Наближува финишот од натпреварувачката сезона, се разгорува битката за врвот од конечниот пласман. За нашите млади моделари предизвик се натпреварите во Хрватска и Бугарија, но фокусот пред сé е кон “Трофеј Прилеп” и “Светски куп Македонија” на 27 и 28 септември во Прилеп.

Loading