ПРИЛЕПСКА ТОРЦИДА

Историја

Полскиот новинар, Павел Чадо пишува спомени за гостувањето на Одра Воѓислав во Победа летото 1997 година.  Првиот ден  маѓепсан е од Прилеп со лежерниот начин на живот. Притоа се среќава со навивачите, за кои претходно слушнал оти се фанатични поддржувачи. Ги именува како “Прилепска Торцида”. Еден од водачите се пофалил дека тоа е најдобрата публика во Македонија. Подготвени се за тимот да ја дадат последната капка крв. За стадионот вели дека нема шанса да се организира не само европски натпревари, ниту младински игри. Од камен и бетон изграден 1936 година е само надградуван. Немало телефон и збеснал кога требало да даде извештај.

– Единствено во Прилеп дадов автограм, на тренинг кога сите се собираа околу мене, како да сум фудбалер – завршува Чадо.

Билетите биле скапи 300 денари или над 11 злоти, но на плоштадот исчезнувале брзо.

Loading