ПОЕЗИЈАТА НА ТРОНОТ

Tronot stana centar na poezijataСо учество на над 50 поети од Македонија и од Словенија се славеше пишаниот збор на тронот кај слонот на традиционалната манифестација Поетско Маркукуле. Се величеше поезијата низ стиховите кои како река течеа. Се редеа теми за љубовта, татковината, копнежот…

Поетско Маркукуле полека, но сигурно се етаблира за значаен културен настан кој ги надмина границите не само на градот, Македонија, туку излезе и надвор од земјата.

Годинашната манифестација се збогати со музички перформанси. За добрата организација се погрижија библиотеката “Борка Талески”, групата “Пела”, општината, кои на учесниците и посетителите им ја поделија збирката од минатогодишната манифестација. 

Loading