“ПЕЛИНО ТРОЈСТВО” – НОВО ЦД НА ГРУПАТА “ПЕЛА”

Словенечката група “Пела” ја промовира македонската култура во Словенија со новото ЦД, насловено “Пелино тројство”. Снимени се 12 македонски обредни песни со поезија на Мишко Сербакоски, со инструментална поддршка на македонски музичари, меѓу кои “Зајди зајди јасно сонце”, “Во нашето село”, “Калеш бре Анѓо”, “Збогум мила”, “Параходот” и други.

Ова е четврто ЦД издадено за 10 годишнината од постоењето на групата, формирана од прилепчанецот Љубен Димкароски, а во која членуваат Весна Младенова, Мајда Поздирец и Метода Постолска Кошир

Loading