ГОЛЕМ ИГРАЧ ОД МАЛ КЛУБ

ИН МЕМОРИАМ – Стојан Филипоски

Градов се збогува со Стојан Филипоски, некогашен фудбалер. Почина на 69 години. Настапуваше во шеесеттите, седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години. Иако играше за помали клубови, од Хајдук и ЗИК Прилеп до 11 Октомври, се памети како играч незаменлив на повеќе позиции во одбрана и напад. Беше капитен на 11 Октомври во Републичката лига, а кариерата ја заврши на 38 години. Го красеше борбеност и острина. Во сеќавање е пријателскиот меч пред полн стадион 1983 со Партизан, кога околу него при дуелите се одбиваа и паѓаа “црно – белите” репрезентативци. 

Loading