РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НИКНА ВО ПРИЛЕП

Историја

Пријателскиот меч со Словенија во Крањ на 13 октомври 1993 се смета за прв официјален на фудбалската репрезентација на Македонија, а првиот собир беше цели две години порано во Прилеп. Непосредно по референдумот, на 10 октомври 1991, на стадионот “Гоце Делчев” се одигра ревијален дуел помеѓу Репрезентацијата и Селекцијата на клубови од Третата лига на Југославија. Во интересна игра резултатот беше нерешен, 1-1. Поведе Репрезентацијата со голот на Гунев, а израмни Јордановски. Селекторот Хаџиевски не повика прилепчанец во составот. Во Селекцијата на третолигашите од Победа беа петмина: Г. Маркоски, Шалев, М. Тодороски, М. Стојкоски и Г. Тодоровски.

На трибините беа само 800 гледачи, оти многу публика се пресели во Битола, на прволигашкиот дуел Пелистер – Партизан.

Loading