Пинг – понг
По две години решен е проблемот со пингпонгарската сала кај ДГС Партизан. Поставен е нов под и објектот може да се користи. Задоволни се членовите на двата клуба, Младост и Младост 96. Заедно вложија напори и работата се заврши за кусо време. Тука завршуваат најголемите маки во барање соодветна сала за тренинзи и натпревари. Се користеа училишни сали, хотели, ходници. Деновиве се очекува да стартуваат подготовките за есенските предизвици. Градов има сили за враќање на трофеите.
Пингпонгарската сала беше оштетена од големи поплави.