СИЛНИ ТРЕНИНЗИ ВО САМОКОВ

Ракомет

Според планот, по воведните тренинзи во градов, ракометниот суперлигаш РК Прилеп в сабота оди во Самоков на висински подготовки. Тоа е е најтешката фаза, за физичка кондиција, но нема сомнение дека без проблем ќе биде реализирана под водство на искусниот тренер Орде Илиески со соработниците. После се пријателските мечеви со Охрид, Пелистер, Преспа. Отпадна едно од можните засилувања, голман, кој прифатил понуда од Чешка. Вратата на клубот е отворена до завршувањето на преодниот рок, на 28 февруари 2015. Дотогаш ќе се видат сите добри и слаби места во тимот. Претходно беа ангажирани голманот Божиновски од Пелистер, десното крило Угреновиќ од РК Струга, повратниците, пивотот Когој и десниот бек Цветкоски. Значајно е што останува крилото Н. Петрески.

Распоредот за Супер лигата е на 21 август.

Loading