КУЛЕСКИ ТРЕНЕР

Фудбал

Дејан Кулески досегашен помошник, е нов тренер на третолигашот 11 Октомври. Веќе десетина дена е со подмладениот играчки кадар. Лани беа млади, сега уште помлади од генерацијата 1995/96. Заминаа Дунимаглоски (Влазрими), Гоновски, Спиркоски, Никовик (Напредок), Иваноски (Миравци), Јованоски, Г. Здравески, Шаркоски (Победа), Кукески, Ефтинџиоски (Партизан Обршани). Следат пријателски мечеви, а вторник за куп дома со Шкупи. Денеска е полудиригирана ждрепка да не паднат домаќини истовремено со Победа во Третата лига Југ.

Победа се готви за достоен отпор за купот в среда дома со прволигашот Металург. Претходно со 3-2 го совлада Младост Кривогаштани, а на тестови беше подобра со 3-0 од Македонија ЃП и со 8-0 од Братство Житоше, со голови на Шаркоски два, Д. Здравески од пенал, Б. Митрески, Јанкоски, Стомнароски, Тошески и Ф. Мирчески. Во средата беше тестот со Преспа (0 – 1 ), в сабота е гостувањето во Г. Коњари. Тренерот Златко Петрески ги има новите Андреевски, Тошески, Д. Здравески, Бешовски, Г. Здравески, Шаркоски и С. Здравески. Извесно е доведување голман од Битола.

Loading