ПОД РЕФЛЕКТОРИ НА МОГИЛА

Фудбал

Првпат во градов се одигра фудбалски натпревар под рефлектори. Завчера попладнето доцна почнаа куп меч Победа и Младост Кривогаштани, така што нужно беше последните десетина минути да светат четирите рефлектори со 14 светилки. Конечниот исход е 3-2 за Победа со головите на Мегленски од пенал, Здравески и Крстески. Во наредната фаза, на 20 август е домаќин на прволигашот Металург.

Претходно беше првиот тест за избраниците на Златко Петрески, со триумф над второлигашот Македонија ЃП од 3-0 со два гола на Здравески и еден на Стомнароски. Во составот се новите Јованоски, Андреевски (11 Октомври), Бешовски (Г. Коњари), повратникот Тошески и опоравениот Здравески. Заминаа Ацески во Хрватска, В. Митревски во Пелистер, Илијовски во Царев Двор, Талески во Металург и Момироски на проба во Чешка. Го нема и голманот Кебакоски. Предвидени се уште неколку пријателски дуели до стартот на третолигашкото првенство на 31 август.

Loading