ОДЛИЧЕН НАСТАП ВО РОМАНИЈА

Моделарство

Pod ustavno ime - reprezentacijata na Makedonija vo RomanijaНа терените близу Салонта, Романија, се одржа Светскиот јуниорски шампионат во воздухопловно моделарство, во три категории слободнолетечки модели едрилици, гуменици и клипеници, а успешно настапија македонските репрезентативци Небојша Стошиќ и Дејан Алексов. Во конкуренција на 50 натпреварувачи од цел свет Стошиќ го покажа својот потенцијал и успеа да оствари максимално времетраење во сите седум летови. Пласманот е во групата 12 најдобри, а во фајнал форот беше на 11 место. Алексов уште при првиот лет, поради ненадејна промена на термичките струења, немаше максимално времетрање, што од старт го елиминира од трката за највисок пласман. Но, со упорност и психолошка стабилност надмина повеќе од половината ривали и на крајот е 23. место.

– Најтешка задача во кариерата за младите моделари. Меѓу спортисти од целиот свет ги покажаа своите знаења и способности, достојно ја претставија Македонија – смета Здравко Тодороски, селекторот.

Поради технички проблеми со моделите изостана учеството на третиот член на репрезентацијата, Бојан Димески.                   

Loading