ПРЕД 12 ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ ВО СИДНЕЈ

Историја

Поради реномето Победа беше поканета за турнеја во  Австралија. Зимата 2000 година одигра седум пријателски, меѓународни мечеви на најдалечниот континент, а од нив најинтересен беше со Маркони, екипа на италијанската дијаспора. На стадионот “Басли парк” во Сиднеј пред 12 000 гледачи резултатот беше 0-0. Во рамноправна игра прилепскиот тим имаше шанси преку В. Мицевски, Жилсон, Н. Здравески и Панев. Заслужен за ремито е голманот Груевски со одбранети зицери. За Победа настапија: Груевски – П. Ристовски, Николаевски, Стојковиќ, Р. Петров – Г. Лазаревски, Каранфилоски, Жилсон, Т. Наумоски – В. Мицевски и Н. Здравески, а во второто полувреме уште Стефанов, Б. Нацев, Панев и Т. Стојковски.

Во Австралија победа имаше биланс од шест победи и една нерешена со гол – разлика 25-4.

Loading