НОВИ МОМЕНТИ ЗА СОМБОР

Историја

Минатиот број се навративме на сезоната 1965/66 кога Победа беше на прагот од Првата лига на Југославија, во претпоследното второлигашко коло со загубен клучен меч 5-1 од Раднички во Сомбор. Настанот не бледнеат во сеќавањата. Видување нови моменти додава новинарот Миле Талески.

– Гледав од трибина. Поведовме во петтата минута со голот на Клашев. Соиграчите се стрчаа и се чинеше дека сите му честитаат на стрелецот. Но, има и друг впечаток дека некои го пцуеле оти даде гол – вели Талески.

Дали постоела поделеност во тимот, се прашувале приврзаниците на Победа. Поткрепа е изјавите на голманот Гически.

– Игравме против 16 противници, оти петмина наши како да го носеа дресот на Раднички. Тренерот Радовиќ свесно бојкотираа некои фудбалери. Постои сомнеж и за надворешен фактор – изјави Гически.

Талески пренесува дека имало варијанта дека биле замешани два клуба. Сутјеска од Никшиќ атакувала и го освои првото место, а скопски Вардар остана единствен македонски прволигаш кој сам го земал финансискиот колач.

Loading