Угледот на прилепскиот фудбал го бранат фудбалерите во доброорганизираните клубови. Поранешни членови на 11 Октомври придонесоа кон успехот на скопски Металург кој го елиминираше сараевски Железничар, дома со 0-0 и на гости 2-2. Пред 10. 000 гледачи стрелец на првиот гол беше шпицот Марјан Радески по одличен пробив и страотен шут, а во второто полувреме во средниот ред играше Јорданчо Наумоски. Покрај нив дел од тимот се резервниот голман Александар Игески и стоперот Дарко Илиески.
Во 3. коло од УЕФА лигата противник на Металург ќе биде кипарската Омонија.