ТРЕНИНЗИ ВО УНГАРИЈА

Борење

Осум членови меѓу 14 и 18 години од Борачкиот клуб 7 Мај Леов денеска заминуваат во Абони, Унгарија. Таму во наредните осум дена се завршните подготовки за големиот меѓународен турнир во градов на 9 август. Покрај тренинзи, предвидени се и пријателски борби со спаринг партнери, врсници од Унгарија, Србија и Словачка. Подготовките се под надзор на тренерите Илчо Марковски и Рубин Талески.

Останатите членови на клубот се подготвуваат за тестот на 30 јули, на турнирот во Оризари, Кочанско.

Loading